Јас сум Македонија, ти си Македонија, сите сме Македонија. Иднината на Македонија и идентитетот зависи од интелектуалниот капацитет на граѓаните на република Македонија. Ако творите ако создавате, кој може да ве спречи да го освоите целиот свет со своето умеење и знаење? Својата уметност да ја префрлите на било кој дел од континентот? Апсолутно никој. И вие сте Македонија. И тогаш ќе кажат ова е тој, доаѓа од Македонија. Го губам идентитетот, рече проф. д-р Миодраг Врчаковски за интервјуто на „Трн.мк’’
Д-р Врчаковски јасно ја посочи пораката за нашиот македонски идентитет, без разлика каде и да одиме ние секогаш себеси се носиме затоа што нашиот идентитет е во нашите души и корењата на македонскиот народ се длабоко распространети низ светот.
-Иднината на Македонија зависи од интелектуалниот капацитет на граѓаните на Република Македонија. До иднината се стигнува преку минатото. Ако имате вистинско минато вие ќе имате и иднина, ама таа ние си ја создаваме самите. Од нас зависи, не зависи од никој друг. Македонскиот идентитет ќе го изгубиме ли? Тоа е општа тема сега или нема да го изгубиме. А бе луѓе божји, никогаш македонскиот идентитет нема да се изгуби, затоа што нашиот идентитет е во мојата душа – рече Д-р Врчаковски.
Во текот на интервјуто за „Трн.мк’’ д-р Врчаковски откри дека клучот за успехот се крие поедичено во секој еден од нас – само треба да бидеме упорни за го најдеме зрното бисер коешто се крие некаде длабоко во нас.