Кандидатот за градоначалник на Општина Неготино, д-р Горан Стојанов од редовите на ВМРО ДПМНЕ прогласи победа во прв круг.
Голем број на граѓани се излезени на градскиот плоштад каде се слави со труби и тапани.
За ,,Фокус” д-р Стојанов вели дека е благодарен на граѓаните кои излегоа и го дадоа својот глас за него, ветувајќи им дека ќе ја оправда дадената доверба.
-Моите неготинци ја извојуваа најголемата битка! Битката и моќта на народот ја однесоа оваа голема победа. Ви благодарам на можноста заедно да го направиме Неготино место за сите!
Јас ќе бидам градоначалник за секој од вас, затоа што ова задоволство е моја чест. Неготино избра промени, заедно да ги донесеме и реализираме – порача Стојанов.
Негов противкандидат беше Тони Делков од редовите на СДСМ, кој се бореше за втор мандат.
Вики Клинчарова