Д-р Ношпал: Тодоров треба да ја признае одговорноста

by Фокус

Според д- р Тодор Ношпал, досегашната популистичка политика на министерот за здравство веќе не е во состојба да ги скрие сите негативности на овие реформи.

„Реформи кои во суштина не водат грижа ниту за пациентите, ниту за медицинскиот персонал и мора да бидат претставени како успешни во согласност на целокупната партизираност и узурпација на демократијата во нашата држава.Ако се направи една анализа на сите несакани случаи, на кои бевме сведоци во поблиската и малку подалечна иднина, се доаѓа неминовно до заклучок дека вистинската вина за овие крајни последици се погрешните реформи и одлуки за организација на здравството. Запрашајте се кој е во крајна инстанца виновен за лекарските грешки, ненавремен транспорт на пациенти, погрешна терапија, толерирање на алкохолизирана состојба на работно место?Нашиот здравствен систем е заболен од тешка, акутна болест со тенденција да премине во хронична, ако не се реагира на време.

И како по правило, министерот за здравство, кој инаку редовно се појавува во медиумите да даде изјави за „успешноста“ на реформите во духот на „остваруваме“ и во полза на зголемување на партискиот рејтинг, никаде го нема. Крајно време е да ја признае и да не ја избегнува одговорноста, како главен причинител за болеста на нашиот здравствен систем“, пишува во својата реакција на социјалните мрежи Ношпал, порано вработен во јавното здравство во Клиниката за ортопетски болести, кој кариерата ја продолжува во приватна клиника.

Поврзани новости