Според д- р Тодор Ношпал, досегашната популистичка политика на министерот за здравство веќе не е во состојба да ги скрие сите негативности на овие реформи.
„Реформи кои во суштина не водат грижа ниту за пациентите, ниту за медицинскиот персонал и мора да бидат претставени како успешни во согласност на целокупната партизираност и узурпација на демократијата во нашата држава.Ако се направи една анализа на сите несакани случаи, на кои бевме сведоци во поблиската и малку подалечна иднина, се доаѓа неминовно до заклучок дека вистинската вина за овие крајни последици се погрешните реформи и одлуки за организација на здравството. Запрашајте се кој е во крајна инстанца виновен за лекарските грешки, ненавремен транспорт на пациенти, погрешна терапија, толерирање на алкохолизирана состојба на работно место?Нашиот здравствен систем е заболен од тешка, акутна болест со тенденција да премине во хронична, ако не се реагира на време.