667
Д-р Александар Митов при денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека постои голема разлика меѓу истокот и западот за ставовите околу носењето маски.
„Станува јасно дека маските нудат некаква заштита. Не мора да се работи за маска со стандарди која штити 100 отсто. Ако луѓето генерално носат маски, генерално ќе се намали бројот на заболени. Маската не штити од другите, но и ги штити другите од нас. Во нашата култура има толку лоши навики, на пр. кивањето во лакт. Овие мали навики сега спасуваат живот. На отворен простор, трансмисија на вирусот не може да се случи. Друго е кога лицето е затворено во една просторија“, истакна Митов.