292
Доктор Ненад Лазаров е доста активен на социјалните мрежи, па утрово за актуелната тема и случајот за измените во Кривичниот законик имаше свој коментар.
Разочаран од досегашниот нефункционален систем и предлог законот во Собранието на Република Северна Македонија, д-р Лазаров саркастично ги повика политичарите да гласаат и за субвенции наменети за криминалците во државата.
– Земете изгласајте и субвенции за криминалци – прокоментира Лазаров.
Расправата по два дена дебата во Комисијата за европски прашања заврши, а опозицијата не поднесе амандмани на измените, затоа што смета дека се беспредметни кога власта го има мнозинството.