Докторот Жарко Караџоски од „Утрински брифин“ на Слободна ТВ апелираше дека нема простор за паника во Македонија за ширење на опасниот корона вирус кој потекнува од Кина.
„Ако ме прашувате за Северна Македонија и дали сме во ризик, мојот одговор е не. Сознанијата говорат дека има над 4.500 заболени и околу 106 умрени лица. Бидејќи алертот е на највисоко ниво целиот свет се ангажира да стапи согласно на СЗО препораките во надзор и претпазливост. Ако ме прашувате за Северна Македонија и дали сме во ризик, мојот одговор е не. Во моментов не сме во опасност од проширување на вирусот во нашата држава. Добро е што ги преземаме сите мерки бидејќи се наоѓаме во сезона на респираторни болести, па народот мора да направи дистинкција помеѓу грип и грипозни состојби и Корона вирусна инфекција, бидејќи овој вирус се манифестира како лесна, средно тешка и тешка форма па затоа мора да се каже следново: Бидејќи има 4.500 инфицирани и хоспитализирани, зошто нема 4.500 смртни случаи? Одговорот е дека кај сите болеста не е манифестирана исто, односно потешка клинична форма има кај оние лица кои имаат уште некое, понекогаш малигно заболување, лица со оштетување на некои органи и системи кои го ослабнуваат имунитетот. Тие лица ако дојде грипот кај нив потешко ќе го прележат“- вели во „Утрински брифинг“ епидемиологот, д.р Жарко Караџоски околу денешната ситуација во Македонија и светот околу вирусот Корона.