Во Србија уапсен македонски државјанин со 6,5 килограми хероин

by fokus

Припадници на Управата за криминалистичка полиција при српското Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа на Србија, запленија 6,5 килограми хероин, сокриени во автомобил марка „Форд Фиеста“ управуван од 55-годишниот македонски државјанин А. З.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, полицијата ја открила дрогата при претрес на возилото во близина на местото Лапово. Хероинот бил поделен во 12 пакувања, сокриени во специјално изработени бункери во автомобилот.

Македонскиот државјанин е уапсен под сомнеж за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со опојни дроги“ и му е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Со очекува тој да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крагуевац.

Поврзани новости