„Сега е сезона на грип. Не само во Македонија, туку во целиот регион“ вели за Тв24 професор д-р Марјан Балоски, супспецијалист по пулмологија со алергологија.
Тој напоменува дека „време е за грипот за вирусот на инфлуенса А и Б, а пикот не е достигнат“.
„Се очекува да биде за две до три недели. отсега. Нешто невообичаено не се случува. Грипот е тешка инфекција. Тешка респираторна инфекција, особено за малите дечиња од 1 до 4 година возраст, за постарите лица. Грипот знае да направи сериозни ситуации. Некој го поминуваат и на нозе, но, кај многу луѓе се случува секундарна инфекција. Тука настанува компликации и може да дојде и до пневмонија. Грипот е познат, повеке од 100 години со милиони жртви. Нема зошто да се чудиме после се’ што ни се случувало, треба да разбереме грипот не е лесна работа. Треба да бидеме претпазливи“ – вели Балоски.