Како се откри и расплетуваше скандалот Онкологија?

by Fokus

„Фокус“ пред повеќе од десетина месеци го отвори скандалот „Онкологија“ , каде што на површина излегоа сите злоупотреби, кои низ годините биле правени на оваа скопска клиника.

Се почна откако откако објавивме дека сестра крадела цитостатици на Онколошката клиника, и дека таа веќе еднаш била фатена, но била повторно вратена на работа.

Фокус“ открива дека вработена од скопска Онкологија крадела ампули, кои им се давале на пациентите

Вп повеќето од текстовите индиректно објавивме кои се луѓето, преку кои се правела целата кримнална шема, а денес дел од нив се веќе и уапсени.

(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!

Скандалот Онкологија е најголемата здравствена афера, која ги откри сите аномалии на здравствениот систем, а тоа посебно на нозе ги крена сите, со оглед на тоа што се работи за најтешко болни пациенти, чиј живот зависи од таа скапа биолошка терапија, каде што само една ампула чини од 2.000 до 8.000 евра.

Веднаш по написите на „Фокус„ на 1 септември, Единицата за организиран криминал и јавен обвинител упаднаа на клиниката, од каде што изнесоа компјутери и  бројна медицинска документација.

По написите на „Фокус“, инспектори и обвинители ја „тресат” скопска Онкологија!

За само неколку денови се закажаа протести, на кои излегоа бројни луѓе за да го изразат својот револт. Повеќето од нив со јавноста ги споделија своите страшни патешествија.

Нов протест поради случајот Онкологија: Правда за жртвите

Екпресно беше формирана и Анкетна комисија во Собранието, со која раководеше пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. 

Собранието на крајот на септември формира Анкетна комисија која требаше да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија. Пред Анкетната комисија излагање имаа поранешни министри за здравство, актуелни и поранешни директори на Клиниката за онкологија, директори на Фонд за здравство, како и директори на други институции.

Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, политичка одговорност ја лоцира кај ексминистерот за здравство Венко Филипче, ексдиректорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи,  како и ексдиректорите на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Злосторничко здружение на Клиниката за онкологија: Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

Нови сознанија за криминалната шема на Онкологија: Никој не може да контролира дали скапата биолошка терапија се меша со физиолошки раствор!

Метастазира хаосот на Онкологија: Клиниката набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!

Во моментот полицијата уапси неколкумина, од кои поранешниот директор на клиниката Нино Васев, економскиот директор Нехат Нухи, а на разговор е викната и секетарката Елена Џонова…

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости