Прво, факт е дека и покрај извесното незадоволство од ЕУ ( без да навлегуваме во пуритански расправи за неа), сепак, огромното мнозинство или ¾ од граѓаните се со многу јасна поддршка ЗА членство на МКД во ЕУ, пишува професорката Ана Чупеска во нејзината најнова колумна.
„Значи, концептот за иднината на земјава е со висока резонанца спрема ЕУ, а воедно ова е и тема на која мнозинството граѓани се обединети. Зошто, затоа што посигурно #натаму, и имаат онтолошки тенденција да се гнездат во европско гнездо“ пишува таа.
Во својата колумна Чупеска потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ била партијата која организирала насилни протести против Францускиот предлог и дека таа партија нема план, ниту капацитет да ја внесе државата во ЕУ.
„Но, исто така, немил факт е дека тврдолинијашите во ВМРО-ДПМНЕ кој му тријат сол на глава на Мицко ( со врховистичко-фашистичките , и лукративни твистови) немаат ама баш никаков план за ЕУ; ниту пак сакаат да го оствариме овој национален и со вредносно обединувачки капацитет. Напротив, сЕ направија за да ја дискредитираат, ЕУ, и особено, предлог преговарачка рамка. Дотолку повеќе, што, организираа насилство кога предлогот беше објавен! Сега истите тие верглаат и ветуваат помилување и за 27ми Април. Која дрскост , човече боже ?! Оттука, ќе запрашам: дали тоа помилување станува услов за прифаќање на прговарачката рамка, односно, е услов да се откочат евроинтеграциите? Ова мора јасно да биде кажано!
Поточно, дали спасот на кожите за едно такво насилство врз уставниот поредок можно е да стане услов за ЕУ? Ми се чини дека токму ова ќе биде жешка тема после изборите, а можеби и по некои ќошиња веќе е обработена. Со ова пред нас, треба да сме спремни дека кон оваа идеја лесно ќе се налепат и други “жешки барања” и од други некои субјекти. Ќе причекаме, па ќе сведочиме“ пишува Чупеска.
Таа смета дека неоспорен факт е дека САД, со црните листи, го стеснуваат обрачот кон определени субјекти, наведувајќи го примерот со Стевчо Јакимовски.
„За оваа поддршка треба да сме благодарни на САД, затоа што со овие јавни бламови (за кои ОЈО, и по допрен глас може ако сака да отвори истрага!) и тие делуваат така што ја интензивираат борбата против корупцијата и криминалот, овде и сега. Слично, како што откочувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе има ќе подразбере еден неминовен ефект : засилување на борбата против корупцијата и криминалот. Консекветно, тој што нејќе соработува со ЕУ/САД/НАТО и прави контра дејствија против нашите сојузници, што навистина има намерачено ? едноставно, да си ужива токму во придобивките од матните води на неизвесноста, каде корупцијата и криминалот се нормализирани. А народ сака правда, извесност и стабилност“ пишува Чупеска.
Таа смета дека по изборите, тешко дека некој ќе успее да направи како што таа вели анти НАТО и анти ЕУ влада.
„Според сето ова погоре, без разлика на црно пропагандните платени кретенчуги што имаат задача да го трујат народот со дезинформации и лажни вести, и со што впрочем учествуваат во хибридните закани против нашата земјата, сепак…..Тука , тешко дека некој ќе може да формира анти-еу/анти-нато влада. Владата ќе мора да биде составена само и исклучиво од субјекти со јасен план за влез во ЕУ што носи раст и развој, повисок стандард, повеќе демократија, посилна борба со корупција/криминал. Затоа не верувам, дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да состави оригинална про-европска влада, погорово не, доколку не успее да се ослободи од субверзивните елементи во своите редови. А бидејќи Жмиц нема таква снага (или несака да има?!) поверојатно е дека про-еу влада ќе се формира и истата ќе мора да ни овозможи членство во ЕУ до 2030. Под услов, нели, да оствари еден предаторски јасен план за радикални реформи во однос на владеење на правото и се што тоа го #повлеквиТ“ – пишува Чупеска.