Чулев во посета на СВР Куманово: Полицијата да постапува поригорозно за почитување на мерките на Владата

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска остварил работна посета на Секторот за внатрешни работи – Куманово, каде што од раководството бил запознаен со активностите кои се преземаат на територијата на општината, за справување и превенција со коронавирусот.

„Вчера во Куманово, на 52-годишна возраст, почина И.С., вработен во Министерството за внатрешни работи како полициски службеник на граничниот премин Белановце. Според информациите кои во текот на вчерашното попладне ги добив од колегите, станува збор за лице кај кое е детектирано присуство на коронавирусот. Во оваа прилика сакам во мое име и во име на МВР да упатам најдлабоко сочувство за загубата пред се до неговото семејството, а истовремено да искажам и почит кон неговата работа и дел. Сите ние во МВР загубивме почитуван колега, пријател и вработен, кој несебично даваше активен придонес во справување со секојдневните предизвици меѓу кои и предизвиците поврзани со ширењето на коронавирусот. Полициската работа бара натчовечки напори, исклучителност и пожртвуваност во извршување на работните обврски. Тоа посебно е изразено и важно во вакви времиња кога државата и граѓаните секојдневно се соочени со предизвикот да го заштитат својот живот и животот на своите најблиски, а токму полициските службеници се тие кои по медицинскиот персонал имаат најголема одговорност“, – напиша министерот Чулев на својот фејсбук профил.

 

Поврзани новости