И министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев се огласи во врска со видео материјалите објавени на социјалните медиуми за делењето пакети со донации во Струмица.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство.
❗ Денес гостував во вестите на Македонската телевизија. Во изјавата давам одговор на новинарско прашање поврзано со видеата кои беа објавени на социјалните медиуми, а на кои се гледа лица кои делат пакети – донација во Струмица. ✔️ Во конкретниот случај станува збор за редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи и доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство. ✔️ Од страна на ОЈО Струмица дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.✔️ Дополнително, Секторот за внатрешни работи од Струмица презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.
Publiée par Наќе Чулев sur Dimanche 24 mai 2020
Од страна на ОЈО Струмица, дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и, како што напиша, дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.
СВР Струмица, посочи Чулев, презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото, кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.