Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска информираше дека дал предлог до Владата за намалување на полицискиот час, со оглед на намалениот број на заразени од корона вирусот во Северна Македонија.
❗ Имајќи ги предвид статистичките податоци кои се однесуваат на лицата кај кои е утврдено присуство на корона вирусот…
Publiée par Наќе Чулев sur Mardi 21 avril 2020
„Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години. Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите. Дополнително, ќе побарам и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите, а притоа водејќи сметка да се внимава на мерките и препораките кои се однесуваат на групирање на јавни површини. Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, истакна Чулев.