Чулев: Останати се 4.900 обрасци, а пасоши чекаат 14.900 граѓани

by fokus

Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.

Чулев по посетата на Секторот за внатрешни работи Скопје, одговорајќи на новинарско прашање рече дека проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите.

Тој рече дека проблемот со издавање лични документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски.

-Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме хаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да предизвика неспокој кај граѓаните и да предизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на проблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство.

Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за проблемот со патните исправи.

Поврзани новости