Македонскиот државјанин од бродот заболен од корона вирус е во добра состојба

by fokus
Д-р Гордана Кузмановска во изјава за медиумите информираше дека кај еден од тројцата патници кои се наоѓаат на бродот во Јокохама, Јапонија, потврдено е присуство на корона вирусот.
„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше д-р Кузмановска.
Северна Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот. Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава.

Поврзани новости