Чулев: Нема зошто натпреварот меѓу Македонија и Косово да се игра без публика

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека натпреварот меѓу Македонија и Косово од голем безбедносен ризик, но може да се игра со публика.

-Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и преземаме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдобри услови од безбедносна гледна точка – рече Чулев.

Сепак, тој посочи дека одлука дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од корона вирусот ќе носи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.

Поврзани новости