581
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека тие како МВР дале се од себе за справување со ситуацијата со корона вирусот.
-Ние како Министерство навистина дадовме се од себе. Не велам дека немало грешки, кој работи, тој и греши. Кога се инсистира на избори во ситуација на сериозна закана од Ковид 19, неминовно е ова што се случува сега, вели Чулев.