Човеци говеда

by Фокус

Шарената демагошка парола „Нема правда, нема мир“ ја трансформираа во „Нема закон-нема криминал“. Арамиите ги ставија надвор од законот, а Бугарите настојуваат да ги вметнат внатре во Уставот!

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Луѓе говеда! Реченица која се изговара, или барем асоцира, на постапките и (не)моралот на ликови кои, своеволно, со будалаштини и измеќарство, заостануваат во менталниот развој и моралниот интегритет.

„Мене шеф ми е лидерот на партијата, тој ме именуваше за директор. Премиерот го почитувам како и останатите граѓани“, снисходливо и поданички изјавува „дуиџиски тендераш“ инсталиран во јавно претпријатие.

Кадар, пак, од квотата на „државотворците“, благонадежен амбасадор, отворено ја промовира и споделува придавката „Северномакедонски“ и свесно, во име на партијата, со сиот памет го негира македонскиот идентитет.

Парадигматични архитектури на мислења и гимнастики на духот на недоветни партиски копитари, кои инспирирани и шокирани од добиените функции, оросписки избегнуваат да кажат зошто нивните лидери не одговараат ама баш за ништо и пред никого за пропаста на (пара)државата.

Тури им пепел и фрли ги на буниште ваквите лицемерни подлизурковци од клиентелистичката хорда, зомбиран партиски џган кој безочно пљачка и арчи народни пари.

Вообразува припадност на „политичка елита“, која се сепарира од останатата паства. За нив најголеми европски вредности се послушноста кон лидерот, расипаноста и недоветноста.

Легендарниот професор и врвен интелектуалец, можеби единствениот вистински македонски десидент од комунистичкиот период, Ѓорѓи Марјановиќ, ваквите шушлаци од кадри ги нарекуваше „луѓе говеда“, бидејќи одат само по браздата по која ги тера орачот.

„СМАЧКАНО ПЛЕМЕ“

Во тридецениската самостојност на Македонија, Петар Гошев беше единствениот политичар кој одолеа на партиско пазарење според правилото „на ти-дај ми“. Доблесно одби мандат за состав на влада со сервирани партиски токмаци, изјавувајќи дека „не е човек за еднократна употреба“.

Затоа, и по три децении независност, Македонија остана параспур држава. Успеа само до перфекција да ги организира криминалот и корупцијата!

Дури, на утума, ги надгради и прошири механизмите на неказнивост со минимални затворски казни и застарување на најтешки апашки злодела на грабливците облечени во власт.

Се потврди историската вистина дека секое племе не може да има држава. Особено, ако е понижено и смачкано! Блаже Конески предупредуваше дека доаѓа од „смачкано племе“, Коле Чашуле дообјаснуваше дека припаѓа на „болно племе“, а актуелната багра одродници ачик се срами и плаши да изговори Македонија и Македонци!

Незамислива негативна селекција на партиски војници, медиокритети, кримоси, ајвани, дустабанлии, кои ги окупираа институциите. Каде да се пипне, што да се фати, сѐ „човеци говеда“.

Бајаги време, со децении, апсолвирана е неопходноста од дератизација, дезинсекција и дезинфекција на партиските штабови од глодарите и гадинките. Прочистување од чкарт лидери, пратеници, министри, инсталираните во високите ешалони на божем независни институции (обвинителство, суд, омбудсман), функционери во државната администрација, јавни претпријатија, дирекции, фондови, комисии и останати човеци говеда кои виреат и се множат како бубашваби.

НЕМА ЗАКОН-НЕМА КРИМИНАЛ

Проблем е што ваквите државни штетници со ИЉ капацитет на собна температура, произлегуваат од статус кво политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нив ги избира народот, но не е битна бројката на гласовите. Таа се режира од камшикарите, во зависност од претходно одработената домашна задача за разнебитување на државата.

Зошто би се очекувало поинакво владеење?

Кастата непрокопсаници претежно ја сочинуваат наследниците на ноувеау рицхе комунисти, чии деца одраснаа во транзицијата и станаа алчни и арогантни „човеци говеда“.

На нив потоа им се приклучија акционери од доместицирани, односно припитомени селанчишта и провинциски полуинилигенти.

Грабливата корпоративна хорда мајката ѝ ја расплака на Македонија и ја доведе таму од каде што киниса пред триесет и две години. Никаде!

Се покажа дека патот бил премногу долг и неизвесен. Ама, родоотстапниците и предавниците сѐ уште не забележуваат дека тоа било кружно патување.

Шарената демагошка парола „Нема правда, нема мир“ ја трансформираа во „Нема закон-нема криминал“.
Арамиите ги ставија надвор од законот, а Бугарите настојуваат да ги вметнат внатре во Уставот!

Няма значение че за тях Македонците са изкуствено „смачкано племе“, което тепърва ще трябва да оформя своето минало. Разбира се, по български рецепти с европейски флаг.

Како мавнати, „човеците-говеда“ продолжуваат по браздата во која со остен ги збоднуваат лицемерните евро-атлантски камшикари!

Поврзани новости