1.1K
Американските медиуми го објавија името на еден од приврзаниците на Доналд Трамп кои упаднаа во Конгресот, а чии фотографии го обиколија светот.
Станува збор за маж на возраст од 30-тина години со лице обоено во боите на американското знаме, кој на главата носеше крзнена капа со рогови.
Како што пишува Си-ен-ен, се работи за Џејк Ангели, кој е познат како Канонов шаман. Канон е теорија на заговор која произлезе од четиригошниот мандат на Трамп во Белата куќа.
Следбениците на теоријата на заговор веруваат дека група педофили кои ја обожуваат Сатаната влегла во највисоките редови на американската власт, а против неа се бори Доналд Трамп.