„Човек влошка“ и „Терминатор“ меѓу кандидатите за претседател на Шри Ланка

by fokus

Околу 15,99 милиони граѓани со право на глас денеска ќе избираат меѓу 35 претседателски кандидати, меѓу кои има само една жена.

Тоа се осми претседателски избори во Шри Ланка, а мандатот на актуелниот претседател Маитрипала Сирисена завршува на 9 јануари 2020 година. Претседателот на Шри Ланка има мандат од шест години.

Тоа се првите претседателски избори во Шри Ланка на кои не се натпреварува ниту претседател, премиер или лидер на опозицијата.

Резултатите од анкетите најавуваат тесна борба помеѓу претставникот на владејачката партија, Саџит Премадаса, кој е министер за домување и култра и член на владејачката Обединета национална партија (УНП) и кандидатот на опозициската партијата од десниот центар Политички фронт на Шри Ланка (СЛПП) Готабаја Раџапакса. И двајцата фаворити потекнуваат од влијателни политички династии.

Контроверзниот поранешен министер за одбрана 70-годишниот Раџапакса, пензиониран потполковник, беше воен командант кој ги порази герилците Тамилски тигри со што заврши 37-годишна сепаратистичка војна. .

Тој е познат и како „терминатор“ бидејќи ветува борба против корупцијата и исламскиот екстремизам, клучно прашање по самоубиствените напади на Велигден годинава, при што загинаа 269 лица.

Додека 52-годишниот Премадаса се надева дека ќе ги привлече гласачите со ветувања за подобрување на менструалната хигиена. Менструацијата е табу тема во конзервативното будистичко општество. Поради тоа тој го доби прекарот „човек влошка“.

Тој и покрај исмејувањето најави дека ќе ги брани женските права.

Раџапакса нема политичко искуство но тоа го надоместува со тоа што во кампањата е вклучен неговиот постар брат Махинда, кој кратко време беше премиер на Шри Ланка, а двапати беше избран за шеф на државата.

Раџапакса е обвинет за злоупотреба на државни пари, над 100.000 долари, кои наводно ги земал да изгради споменик на своите родители во време кога неговиот брат Махинда беше претседател.

Исто така се соочува со судски процес во САД поради што наводно наредил мачење на мажите од етничката група Тамили и други луѓе додека беше на власт.

Сепак, според аналитичарите Раџапакса е во предност. МИА

 

 

Поврзани новости