Човек фрлил бомба во Загреб, полицијата истражува

by Fokus

Непознат сторител фрлил бомба во близина на семејни куќи во Загреб со која ги оштетил фасадите и оградите на куќите.

Извори на полицијата информираат дека бомбата експлодирала во текот на вчерашниот ден, а се уште не е познат идентитетот на сторителот.

За среќа, нема повредени луѓе во овој инцидент, а допрва треба да се утврдува причинетата материјална штета.

Поврзани новости