Колкава штета направи земјотресот во Турција?

by Fokus

Агенцијата Блумберг објави дека земјотресите што ја погодија Турција на 6 февруари и нанесоа штета на економијата во износ од 84 милијарди долари. Ова е првичната проценка на турската Конфедерација на претприемачи и претставници на деловни кругови.

Поточно, 70.8 милијарди долари изнесуваат штетите на станбените згради, последиците од земјотресот ќе доведат до намалување на буџетските приходи на земјата за 10,4 милијарди, а уште 2,9 милијарди ќе ја чинат турската економија загуба на работна сила.

Поврзани новости