587
На денешната комеморација во спомен на актерката Билјана Беличанец, нејзините колеги во Драмскиот театар зборуваа за нејзиниот опус и дело, но и за нејзе како личност и пријател.
-Кога бев директор во Драмски театар, ја молев да дојде тука. Секогаш знаеше да помогне на другиот. Лут сум зошто ова го направи вака – рече актерот Благоја Чоревски.
-Денес не губиме само колега. Затоа овие разделби се тешки и тажни. Ќе биде во нас и со нас – порача Васил Зафирчев.
-Последната претстава требаше да ја одигра во 2069 година. Вечна ти слава мила моја – рече на комеморацијата актерката Катерина Коцевска.