ЧОРАПИТЕ НА ТАТКО МИ,  „ИСТИНИТА  ПРИЧА’’…

by fokus

пишува Агим ЈОНУЗ:

‘’Памтим ко данас’’ – ( Забрањено Пушење). Беше даскал. После почнаа да ги викаат ‘’учители’’ демек, они учат некого. Е, да! Има разлика, даскалот беше втор родител, а учителот тип кој те учи да делиш и множиш и тука завршува се! Како да е денес, пред очи ми е како го вјавува точакот и вика отидов у школо. Добро е што точакот му имаше добри кочници, зашто од дома до школо стоеше на сто места да посака добар ден, или ‘’аирлија работаа’’.  Или пак,  некој ке го сопреше да му посака. Уште му е жив точакот ене го у шупа. Три прста прашина врз него. Вчера влегов у шупа, па ми даде идеја за колумна кога го видов. Татко ми беше редовен у екипа кај Спиро шнајдерот обавезно после работа на пиво и сецкан кашкавал у новинче, со плејада на луѓе за кои немаше ‘’турско ли е, каурско ли е’’ муабет. За нив беше чоек ли си, не ли си!

‘’За пивце мераклии ‘’ друштвото кај Спиро шнајдерот беше првото – НВО!

Имено, бев седмо – осмо, и тогаш првите оние мангуплаци у пубертет, фраерлаци и демек ‘’ние се знаеме’’ татковците и мајките се труба! Беше средина на седумдесетите години во кои единствен интернет беше – Политикин Забавник. У петок до пладне го немаше више. И, така осознававме што има у свет, што се праи како се праи и до каде отишол светот. Осознававме што има светот а што има кај нас. Паралелно со тоа, и кај нас почнаа да се подигаат големи куќи ‘’ од плата’’, големи луксузни коли, гардероби од странства, и некакво нагло раслојување во секојдневјето.

Едни ‘’молчеа, траеа, праеја’’, а други мудруваа, што би се рекло ‘’ со крстот на чело’’ и во неспособност да се прешалтуваат во новите општествени трендови се повеќе се даваа на филозофирање, баздејки на пиво и ракија. Таква им беше кројката бе! Татко ми кога зема кредит да купи ‘’Фичо’’ (помладите не знаат што кола е тоа) парите наместо за Фичо отидоа за помош на свадба кај Лазо кондураџијата. Е, тоа беа тие генерации,  јебеш Фичо, на Лазо свадбата и другарството беше светиња.

И така, додека на едните им светеа се повеќе палатите и децата уште у тоа време им одеа ‘’на усовршување’’ со билет во еден правец у странство,.. една цела плејада луѓе почна да тоне со ‘’циротична јетра’’  ( метафора) и со некакви идеали посветли и од Исуса и Мухамеда. Идеалите умреа, палатите преточени во дворци и кралевства останаа да сведочат. Нити на Спиро дуќанчето го има, ниту на Лазо кондураџилницата, ниту на татко ми тракаташките. Јебеш и Фичо и Мичо, ама ден денес синовите на таа екипа се како браќа. Не се снајдоа во новите времиња во кои ‘’турското и каурското’’ се одличен бизнис.  Единствениот  ‘’ќарлија’’   на крај испадна Скопска Пивара.

O tempora, O mores!

Седиме еднаш така на скали пред куќа и му викам ја на стариот: .. а бе сите нешто направија, те доградби на куќите, те станови испоземаа, те коли испосменија, ти седиш на скали и со она твое ‘’поштено’’ отиде у три п.м. ( зборевме како другари). И, тука го дирнав у жица, што би се рекло по чаирски.  Рипна као да го укасала змија, поцрвене ко Малборо и ме отера у пизду лепу материну! Мрш бе, маутибам! Ако знаеш боље, еве ти свет! Со овие десет прсти и еден образ – толку! Ја кога си легнувам навечер си ги вадам чорапите и спијам ко јагне. Немам од кого да бегам и немам од кого да се плашам. Збеснат онака, рипна на точакот и отиде кај Спиро шнајдерот. Ја у себе си викам,… ‘’ да ти ебам и чорапите и паметот’’.  Опрости ми папе. Сад разумим тебе!

O tempora, O Macedoniae

Аманетот што ми го остаи му го исполнувам и бог го знае тоа. Еднаш неделно одам на гробишта и спротивно на традицијата и муслиманските обичаи  палам една цигара и му ја остаам да одгори онака у ветер. Палам и јас често и си седам така во мирот на бавчата на иљадници такви кои ‘’веруваа во верување’’.

Не знам што ми стана, и почнав да си праам муабет сам со себе. Му кажуем, што се дешава денес кај сме и што сме. Се вртев околу да не мисли некој дека сум забегал ао акал. Му викам, а бе стари, ја тек сеа ти ги сфатив чорапите ‘’јебале те оне’’. Знаеш ли ти дека од 100 души денес 97 ‘’немаат чист г’с ‘’.

Ај што немаат него и чорапите им сраснале на ноги за да бидат секој момент ‘’бежи и не окречи се’’. На оној Миле што ти се курчеше со ‘’Тристач’’ ( Фиат 1300) додека ти возеше точак, едниот син му умре као наркоман, едниот у апсаана а ќерка му се омужи за еден арап зашто само на него успеа да му продае поштење. Што зна арапот што е ‘’партизанка’’.  Многу луќе ги стигна клетва. На еден дел не знам, зашто ги снема преку ноќ.

На местото кај што беше дуќанот на Спиро сега има некој новопечени чобани газди, продадоа нивите, дојдоа, купија со пари се живо и диво и викаат ‘’знаеш ли кој сум ја бе’’. Као да не знаеме ние у Скопје кој е кој! Никој никого не ебава ни 2%, а сите изиграваат некакви браќа до прва кривина, се додека не види дека не му треба више.

Ја продадоа и државата и бога и брата и све отиде у пучку лепу материну!

Ја знам дека ти читаш меѓу редови и дека разбираш се без да ти се објаснува.  А, можеби и гледаш од некаде, не знам, најголемото лицемерие да зборуваш за смртта и ‘’живот после живота’’ а не си видел лично има или нема . У секој случај, стари мој на оваа држава и фалиш и ти и Спиро и Лазо и Јакуп и Шабан и сите таму што цуцлавте пиво и мрчевте. Сите вие ‘’ што вадевте чорапи пред спиење’’R. I. P.

Македонија, лето господово 2016-то, листа на дефицитарна стока

Чесност, доблесност, искреност, фер-плеј, другарство, човечност, родољубие, милосрдност, разбирање, помагање, воспитаност, почитување, богоплашливост, доследност, скромност, умност, отвореност,  ментална чистотија, здрав дух, човечност.  ‘’ И још много тога’’.

Post Scriptum

Не знам што ми е, ама ми се врти у глава песната ‘’Цреша’’ од побратимчето Тоше.. ‘’ нека земе што му треба секој, само црешата да ја најдам жива’’.  Тошкааа,… отиде и црешата у пизду,… лепу,.. материну!  Не си ти крив Тошкаа,… до чорапите ке да е! Ама ти си друга генерација и не ја знаеш финтата со чорапите.

‘’До зрикавца је ’’ – ( Лепа села лепо Горе ) – култен филм

Поврзани новости