ОБСЕ/ОДИХР: Имаше притисоци врз администрацијата да оди на контра-протести

by fokus

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска го објави финалниот извештај за набљудувачките активности за изборите во земјава, кој требаше да бидат одржани на петти јуни, но потоа беа откажани, а со тоа се прекина и со набљудувањето.

-Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР добија веродостојни наводи за притисок врз вработени во јавниот сектор да присуствуваат на контра-протести, вклучувајќи и закани за отпуштање од работа, се вели во извештајот.

ОБСЕ/ОДИХР оценува дека политичката криза се продлабочила по бојкотот на изборите од страна на опозицијата заради неисполнети услови од Договорот од Пржино, а дополнително се влошила со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица.

Поврзани новости