За мене Македонија била и ќе остане Македонија, како што била пред 50 години. Е сега може ќе дојде до мали промени во името, изјави во интервју за „Канал 5“, балканската музичка легенда, Здравко Чолиќ.
Одговарајќи на прашање дали е свесен дека по последен пат настапува во државата под официјалното име Република Македонија, тој вели дека се зависи од тоа како ќе одлучи народот.
-Јас ја сакам Македонија и македонскиот народ. Самите луѓе треба да препознаат што им одговара. Македонија за мене секогаш е Македонија, како што била пред 50 години, така и ќе остане. Е сега може да дојде до мали разлики во името. Јас знам дека и Солун е Македонија, но грчка, и Скопје е Македонија. Луѓето препознаваат и одлучуваат за тоа. Јас сум побоник на правото во Македонија убаво да се живее и земјата да биде присутна во сите сојузи. Добробитта на народот е најважна. Самите луѓе ќе ги определат не само името туку и односите на Балканот. Тука има многу жаришта. Јас сум информира и образован, имам мислење но како пејач не се занимавам со политика. Секој напор е позитивен, а самите луѓе ќе одлучат. Но им го посакувам на Македонците она што го сакам и за себе, а тоа е просперитет. Името ќе дојде како последица на некој договор во следниот перид – рече тој.