Игор Југ со собраниското обезбедување разговарал пред кабинетот на Вељаноски

by fokus

Обвинетиот Игор Југ, за кои обвинителството тврди дека носел пиштол во Собранието при упадот на “27 април”, бил во комуникација со членови на собраниското обезбедување за време на упадот.

Од видео симката која беше презентирана на денешното рочиште се виде како и обвинетиот Игор Југ оди пред кабинетот на Трајко Вељаноски и таму разговара со собраниското обезбедување. Во еден момент тој разговара и со сега обвинетата Елена Божиновска, која беше вработена во кабинетот на Вељановски. Божиновска, како што опиша обвинителството постојано се движи кон кабинетот држејќи мовилен телефон во рацете.

Со Југ разговара и Горан Ѓошевски, обезбедување на Вељаноски.

Покрај Југ пред кабинетот на Вељановски биле и уште неколку од сега обвинетите како Дејан Давидовски, Горанчо Ангеловски, Митре Питроповски, Стефан Младеновски и други.

На снимката се виде и како Југ одмар пред кабинетот, а Иван Цветановски му носи вода.

Пакет со вода носи и Ѓошевски и ги остава во холот пред кабинетот во кој има лица со фантомки.

Поврзани новости