655
Во Охрид денеска ќе се одржи протест против работењето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое деновиве испрати покана до 200 членови на ВМРО- ДПМНЕ, за информативен разговор во врска со финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 2014 година, јавува Охрид Њус.
Порталот пишува дека протестот ќе заврши пред СВР Охрид каде СЈО ги обавува разговорите со членовите на ВМРО -ДПМНЕ.
Досега стотина члена на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Крушево, Охрид, Кочани, Скопје и од други градови биле повикани во Специјалното јавно обвинителство да дадат исказ за своите наводни доброволни донации за партијата. Се претпоставува дека СЈО води предистражна постапка за финансирањето на изборните кампањи на партијата.