Хан утрово се сретна со Емил Димитриев

by fokus

Откако вчера на полноќ пристигна во Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, рано утринава оствари средба со премиерот Емил Димитриев. За средбата немаше информации, за неа Хан објави на Твитер.

-Почнува денот со многу обврски во Скопје со разговор со премиерот Димитриев. Потоа разговори со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност, твитна Хан.

По завршувањето на средбата со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност, Хан ќе оди на средби со претставниците на граѓанскиот сектор, а потоа во Собранието ќе има одделни средби со лидерите на политичките партии кои добија пратенички мандати.

Поврзани новости