1.9K
Денеска кај Могилата на непобедените во Прилеп имаше мал вербален инцидент помеѓу Иван Јованоски од Левица и премиерот Зоран Заев, кој положуваше свежо цвеќе во чест на паднатите борци по повод денешниот празник 11-ти Октомври.
Јованоски за „Фокус“ истакна дека немал намера да коментира ништо, но не можел да се воздржи на присуството на владината делегација во Прилеп.
„Тоа што го кажав беше чист револт. Метафорички кажано, затоа што на сите ни тежи тоа. План ни беше само да стоиме тука, но, не можев да се воздржам на присуството на Заев и владината делегација. Народот не е глупав, го знае тоа. Јас само му возвратив на тоа што тој ми рече дека сум за на психијатар“, изјави Јованоски.
Јорданчо Цветаноски