Членката на американскиот Конгрес од редовите на демократите Илхан Омар денеска изјави дека добива се повеќе смртни закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави видео во кое таа негира дека во 2011 година нападот во Њујорк бил терористички.
– Тоа загрозува животи и мора да престане, рече Омар, обвинувајќи го Трамп за поттикнување десничарски екстремизам.
Таа додаде дека во САД и светот во пораст се насилни злосторства и други дела од омраза на десничарски екстремисти и бели расисти.
– Не можеме веќе да игнорираме да ги охрабрува највисокиот функционер во земјата. Сите ние сме Американци, рече Илхан Омар.
Нејзината изјава следува откако членката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси соопшти дека презела чекори за да обезбеди сигурност на членката на Конгресот и го повика Трамп да го отстрани видеото.
Кусо време по изјавата на Пелоси, видеото е отстрането како пинуван Твит, но не е избришано.
Сепак, Ненси Пелоси најави дека ќе продолжат да се следат заканите упатени против Омар и го повика Трамп да не охрабрува такво однесување.
Трамп објави видео во кое Омар за нападот на 11 септември 2001 година вели дека таму „некои луѓе нешто направиле“.