Битолскиот фудбалски великан Пелистер се соочува со можеби најголемите проблеми во својата историја. По испаѓањето на тимот во Втора лига, битолчани се на последното место во Втора лига-запад а револтот е најголем кај нивните миленици, навивачите „Чкембари“ повикаа на масовно учество на мечот помеѓу Пелистер и Гостивар, во сабота.
„Алармот е приклучен. Помизерни не сме биле. ОБЕДИНЕТИ да застаниме и гласно да го искажиме нашиот револт, оти МОРАМЕ.
На 29.09.2018 сите на стадион да го направиме првиот чекор, кон трнливиот пат кој мора да го изодиме за да се вратиме таму каде што и заслужуваме. Зелено белата боја ни ја извалкаа, нека зажалат!!!
ЧКЕМБАРИ 33 години биле и ќе бидат силата која ги исправува нештата кога е направена неправдата врз нашата светост ПЕЛИСТЕР.
Мислете му ја!“, поачаа „Чкембари“.