НОВA вчера го пренесе истражувањето на словенечкиот портал “Нецензурирано” во кое се тврди дека луѓе блиски на премиерот Виктор Орбан од 2017 година до сега префлиле 2,5 милиони евра во медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ а со цел да се опструира Преспанскиот договор а индиректно преку тоа и интеграцијата на Македонија во НАТО. Автор на ова истражување е новинарот Примож Чирман. Редакцијата на НОВА стапила во контакт со словенечкиот колега.
НОВА: Кои се сознанија за таканаречената „Операција Македонија“?
Примож Чирман: Доказите сугерираат дека унгарските пари континуирано се префрлаат на разни медиумски организации во Македонија од 2017 година наваму. Парите беа префрлени преку Словенија, поголем дел од нив заврши во Македонија. Извор на парите се компаниите и луѓето кои се многу блиски до Виктор Орбан. Компанијата В4НА која се пренесува во Македонија преку Словенија е основана од унгарскиот амбасадор во Велика Британија и најблискиот советник на Орбан, Арпад Хабони. Тоа значи дека кругот на унгарскиот премиер ги финансира медиумите кои ја поддржуваат политичката партија која сака да го поништи договорот од Преспа, а со тоа и влезот на Македонија во Нато.
НОВА: На која основа се прави трансфер на паритеод Словенија во Македонија?
Примож Чирман: Дел од парите минале преку словенечката банкарска компанија на словенечката компанија Р-Пост-р, основана и управувана од Питер Шатц, сопственик на Алфа ТВ Скопје. Сè уште не можеме да потврдиме која е основата за други трансфери на пари во Македонија.
Целото интервју на следниот линк на Нова ТВ.