Специјалното јавно обвинителство веќе некое време ја истражуваат тендерската документација на РЕК Битола, а како што дознава „Фокус” станува збор за тендерите со ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“.
Тогашниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски во изјава за 24 Вести ги отфрла обвинувањата за незаконско работење и вели дека нема криминал во тендерите на комбинатот.
Инаку, една од опозициските „бомби” се однесува на местење на тендер со милионска сума , односно бизнис зделка тешка 20 милиони евра и за ископ на јаловина и јаглен од свлечиштето во рудникот Суводол – РЕК Битола.
Во разговорот наводно воден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски во шифри, со асоцијации или по име, се спомнуваат директорите на градежните компании „Пелистер“ од Битола, „Трансмет“ од Скопје, „Гранит“ од Скопје, како и еден од сопствениците на „Силекс“ од Кратово, кои биле главни учесници на тендерите на државната компанија ЕЛЕМ.
Споменатите компании ги добивале јавните набавки на ЕЛЕМ во текот на 2012 година.
Од Специјалното јавно обвинителство се уште не откриваат детали поради тајноста на предистражната постапка.