Цветин Чилиманов заедно со Никола Србов и Ненад Мирчевски го основаа граѓанското здружение „Стоп Операција Сорос“, кое според основачите ќе иницира и ќе даде придонес во процесот на „десоросоизацијата“ во земјава.
Според нив, тежнеат да бидат првиот зрак од кој ќе произлезат вистинските вредности во граѓанското општество, бидејќи како што рекоа, последните две години граѓанското општество предводено од фондацијата Сорос грубо ги рушело институциите на државата.
-Фондацијата отворено општество која е под капата на Сорос, стоеше директно зад сите насилни процеси во Република Македонија, со финансии и со кадар. Фондацијата отворено општество создаде монопол во граѓанскиот сектор кој е окупиран и во истиот нема место за организации и движења кои не се согласни со идеологијата на Сорос. Во граѓанскиот сектор беше прегазен плурализмот и завладеа тоталитарно едноумие, изјави Србов.