Бизнисменот Орце Камчев денеска во своето сведочење за случајот „Рекет“ се обиде и обвинителката Лиле Стефанов да ја вклучи во групата која го рекетирала, па истакна дека обвинителката од Ванчо Чифлиганец побарала деловен простор. Камчев рече дека имало средба меѓу обвинителката и Чифлиганец во еден стан, на која присуствувала и вработена од „Адора“.
Оваа информација веќе еднаш ја дематираше бизнисменот, но сега повторно негира дека имал таква средба со обвинителката и дека таа од него барала деловен простор.
Во врска со спомнувањето на моето име во поедини медиуми, сакам да ДЕМАНТИРАМ:
„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан.
Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име“, вели Чифлиганец.