Чифлиганец демантира дека Стефанова преку него му барала дуќан на Камчев

by Фокус

Откако името бизнисменот Ванчо Чифлиганец беше споменато во еден од разговорите меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 поврзани со случајот Рекет, со реакција се огласи Чифлиганец, демантирајќи дека се случил споменатиот разговор.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Без предметно е, дури и попатно споменување на моето име“, стои во официјалната реакција на Чифлинаец.

Инаку, во еден од разговорите, Камчев му вели на Јовановски дека обвинителката што го води предметот „Империја“ Лиле Стефанова му барала дуќан преку Чифлиганец, додека Стефанова реагираше дека Камчев и Цветан Панделески се обидел да го злоупотреби нејзиното познанство со Чифлиганец за, според неа, да влијае врз нејзиното професионално делување.

Поврзани новости