Панов ги пријавил монетите во анкетен лист пред десет години, се чека на увид од вештак

by fokus 13:10
13:10

Колекцијата од над 1.000 монети за кои постои сомневање дека се археолошка вредност, а која беше одземена од домот на поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов пред два дена, се уште не му била вратена. Во изјава за ,,Фокус” тој открива дека врз истата треба да биде извршен увид од вештак, па дури потоа очекувал да ја добие назад.

Она што е интересно, спорната колекција од монети, за кои Панов тврди дека не се од археолошка вредност, туку станувало збор за модерна нумизматика, како што ни изјави, тој пријавил дека ја поседува уште пред десет години, во анкетниот лист за имотна состојба на функционери, во времето кога го започна својот прв градоначалнички мандат.

- Advertisements -

Кога пред два дена МВР ја потврди информацијата дека од домот на Панов е одземена колекција со монети, тој раскажа дека за истите монети добил кривична пријава и во минатото. Кога се докажало дека се работи за нова колекција, а не за антика, му била вратена назад.

-Се тргнав од политика, ама некои луѓе никако да се тргнат од мене, еве ме пријавуваат анонимно за нешто кое е далеку од реалноста, значи ова не е антика! Монетите ги собирам од дете и тука нема ништо противзаконски – ни изјави екс градоначалникот тогаш, прашувајќи дали доколку некој повторно го пријавува за истата колекција, полицијата на секоја пријава ќе му доаѓа на претрес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости