69
Тони Надал, чичкото на шпанскиот тениски ас Рафаел Надал предизвика реакции во јавноста со изјавата поврзана со првиот тенисер во моментов во светски рамки, Новак Ѓоковиќ.
„Рафа веројатно ќе игра оваа година на Ролан Гарос и се надевам дека ќе биде во добра форма. Би сакал да освои уште еден грен слем, тоа би било навистина убаво за него и целото семејство. Единствено не би сакал да го видам Ѓоковиќ во Париз, ниту на Ролан Гарос, ниту на Олимписките игри, каде што се надевам на злато за Надал. Би сакал Ѓоковиќ да се повреди заедно со уште неколкумина за мојот внук полесно да дојде до финалето“ – изјави Тони Надал.
Тој за овој коментар доби огромни критики од спортската јавност.