Чичаковски: Решени сме изборните резултати да бидат признаени од сите

by Фокус

Државната изборна комисија денеска ја започна процедурата за прочистување на Избирачкиот список со што склучи договор со четири од десетте предвидени институции за преземање податоци за вкрстена проверка на податоците од списокот. Деновиве треба да се склучат договори и со останатите институции.

-Целта и задачата на ДИК е да спроведеме избори во рамки на Уставот и законите на Република Македонија чии резултати ќе бидат признаени и прифатени од сите учесници во изборите и од граѓаните. Државната комисија како колективно тело е цврсто решена во законските рамки да ги изврши обврските и да ги примени процедурите за проверка на податоците од Избирачкиот список, а со тоа трајно да се отстранат сомнежите околу точноста на податоците во него, рече денеска претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Чичаковски информираше дека веќе се ангажирани пет ИТ-консултанти, од кои четири се именувани од најголемите политички партии, а ќе работат под раководство на еден меѓународен стручњак, кој ќе биде тим-лидер. Тие веќе утврдиле техники за вршени проверки, како и за статистички анализи.

 

Поврзани новости