Чиамба:Одлуката за Северна Македонија ЕУ ја донесе едногласно

by fokus

 Романското претседателство реагираше на шпекулациите кои се раширија во медиумите дека седум земји вчера на Советот за општи работи биле „против“ преговорите со Северна Македонија. Информациите се демантирани и на вебсајтот на министерството за надворешни работи на Луксембург, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министерот за надворешни работи на Романија и претседавач на вчерашниот состанок, Џорџе Чиамба, во писмена изјава за МИА потсетува дека компромисот постигнат вчера да се одложи одлуката за старт на преговори е резултат на консензус меѓу земјите членки, како што предвидува праксата во Советот.

-Договорот постигнат преку консензус вчера на ниво на земјите членки на Советот за општи работи претставува резултат на интензивна работа и комплексен преговарачки процес и испраќа позитивна порака. Ние не можеме да коментираме шпекулации и потсетуваме дека заклучоците беа усвоени едногласно, стои во реакцијата на министерот до МИА.

Поврзани новости