Четврти ден паѓа бројот за заразени од корона вирус во Грција

by fokus

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 22 нови случаи на Ковид-19, со што веќе четврти ден по ред се намалува бројот на заразени лица, откако вчера беа соопштени 25 новозаразени, наспроти 31 завчера и 33 во неделата, а вкупниот број денеска изнесува 2.192 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, бројот на жртви од Ковид-19 се зголеми на 102 лица, откако почина уште едно лице.

Приклучени на апарати се 72 лица, а досега, во Грција, анализирани се 50.771 примероци.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, освен што беа соопштени последните податоци, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас и заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се осврнаа и на рестриктивните мерки, за кои рекоа дека регуларно се во сила до 27 април, а нивното олабавување ќе биде постепено.

Поврзани новости