Почина 23-годишно момче во притворот во Шутка

by fokus

До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа стигна информација дека пред околу еден час во притворот во Шутка почина момче на 23 годишна возраст.

Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медија ја потврди оваа информација.

„Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ за ЦИВИЛ Медиа.

Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице.

Поврзани новости