516
Општина Тетово поднесе уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешната градоначалничка Теута Арифи.О ва е четврта тужба против екс градоначалничката.
Ја обвинуваат за оштетување на буџетот на општината за над 66 милиони денари.
Од локалната власт истакнаа дека тужбата е поднесена под сомнение за прекршување на Законот за работни односи, Законот за управување со буџетски книги и корисници на буџетот.
Претходно, општината Тетово побара од сите вработени кои склучиле договор со општината писмено да одговорат за работата што ја извршувале.