463
По невремето што го зафати тетовскиот регион се пријавуваат нови жртви, а полицијата досега потврди само за една: удавено дете во село Голема Речица. Патот кон селото Шиповица е оштетен и сообраќајот е целосно блокиран, а на оваа релација има и свлечиште. Неофицијално, во одронот на земјиштето настрадале четири лица, меѓу кои има и деца.
Информациите што ги поседува СВР Тетово главно се од пријави на граѓани и од таму посочуваат дека не можат да ја потврдат информацијата за четворицата загинати во селото Шипковица, бидејќи нема пристап до местото.