548
Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против четворица радовишани на возраст од кои најмладиот е на возраст од 18 години, а најстариот има 32 години. Се сомничат за сторено кривично дело „кражба на шума“.
На 17ти октомври годинава околу 10.00 часот на место викано „Јорданина Чешма“, на планина Плачковица, пријавените исекле и одзеле 18,62 метри кубни буково техничко дрво. Дрвата ги однеле во дворот на еден од осомничените. Дел од дрвата ги продале и се стекнале со противправна имотна корист од околу 195.500 денари, велат од полицијата.