Четворица повредени во сообраќајка кај Мавровка

by fokus

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи на раскрницата кај трговскиот центар „Мавровка“.

Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР.

Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите.

Поврзани новости