Четворица повредени во престрелка во Охајо, напаѓачот се самоуби

by Fokus

Полицијата соопшти дека четири лица се повредени во пукање во продавница на Волмарт во американската сојузна држава Охајо, а напаѓачот се самоубил.

Полицијата соопшти дека нападот се случил во понеделникот и дека сите повредени се пренесени во болница, пренесе АП. Засега не е позната состојбата на нивните повреди.

Очевидци изјавија дека мажот отворил оган со автоматска пушка.

Тројцата повредени се пренесени во блиската болница.

Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето.

Биверкрик е град со околу 46.000 жители, кој се наоѓа источно од Дејтон, пренесува Танјуг.

Поврзани новости