Четворица пациенти убиени во германска клиника, уапсена вработена во клиниката

by fokus

Четири лица се пронајдени мртви во болница во градот Подсдам недалеку од германскиот главен град, Берлин, а уапсена е жена осомничена за нивното убиство, соопшти денеска германската полиција.

Портпаролот на полицијата во Бранденбург изјави дека покрај четирите мртви лица, полицијата на клиниката за ортопедија Оберлин открила и тешко повредено лице.

Според него, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство. Локалните медиуми јавија дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена на клиниката, додека жртвите биле пациенти.

Поврзани новости